ЗНМ со осуда за непримерната комуникација кон новинари од страна на општина Струга

фото: ЗНМ

Во текот на вчерашниот ден општина Струга на својата официјална фејсбук страница, објави соопштение каде што на недоличен начин преку сериозни обвинувања се обиде да ги дискредитира медиумите во Охрид, реагираа денеска од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

– За жал, мора да истакнеме дека најголемиот дел од проблемите и потешкотиите кои настанаа и се уште постојат во Охридскиот регион произлегува од Општината Охрид и нејзините раководители, кои постојано, под патерицата на од нив платени медиуми, организации и лобисти, ја напаѓаат нашата општина за секаков аспект во секое време и место, без никакви аргументи, пишува во дел од соопштението.

Постапките на општината, како јавна институција, се вели во соопштението од ЗНМ, се чини дека е обид за дискриминација на медиумите и замолчување на локалните новинари преку цензура. Дополнителен проблем, се посочува, е фактот што во соопштението се инсинуира дека медиумите се платени од страна на охридската општина.

Од ЗНМ потсетуваат дека службениците за својата работа одговараат пред граѓаните, така што секој обид за замолчување на новинарите внесува недоверба кон институцијата и влијае на нејзината транспарентност, бидејќи медиумите и новинарите се каналот за комуникација со јавноста.

– Ако кој било кој граѓанин, јавна институција и слично, има некаков проблем со објава од кој било медиум, постојат законски механизми за заштита, како што е барање на исправка или демант. Освен ова на располагање се и медиумските саморегулативни механизми преку Советот на честа при ЗНМ и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ), реагираат од ЗНМ и додаваат дека овој инцидент ќе биде нотиран во годишните извештаи за слобода на изразување како негативен пример за погрешна комуникација на јавни институции со новинари и медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот