Зиков: Многу членови на СОНК се симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ

Љупчо Зиков, новинар и аналитичар/ Фото: Слободен печат

Новинарот и аналитичар Љупчо Зиков во вечерашното издание на „Само вистина“ на Канал 5 рече дека многу членови на Синдикатот за образование и наука (СОНК) се симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и алудираше дека постоела координација меѓу денешната одлука на синдикатот да го стави штрајкот во мирување и прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на која тој побара од премиерот Димитар Ковачевски средба за предвремени избори.

„Моето мислење е дека денешната прес-конференцијата на Мицкоски не беше поради преговорите со Бугарија. СОНК денес јави дека го прекинува штрајкот, па некако тоа е пиарски е да се покрие тој дел, затоа што многу членови на Синдикатот се дел од ВМРО-ДПМНЕ и нивни симпатизери и детектирано е по која линија штрајкот идеше. Мицкоски мораше да го покрие тоа со некаква нелогична прес-конференција, рече Зиков.

Зиков вели дека не знае како ќе настапи Мицкоски откако Ковачевски денеска го одби неговио ултиматум.

„Преостануваат некакви демонстрации, „некои терористички напади или вирус“ да ни пуштат, да не ме сфати сериозно јавноста. На крајот на денот ВМРО-ДПМНЕ не кажува ништо ново со ова. Тие имаат легитимно право на протести. Целта на опозицијата во овој момент не е подобрување на економската и политичката состојба, ниту решавање на спорот со Бугарија, туку само како побрзо да дојдат на власт. Лидерството на ВМРО-ДПМНЕ е под притисок на претходните на партијата кои се осудуваат, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот