„Жива сум!“ Британка остана без пензија, фондот бара од неа да докаже дека не е мртва

Илустрација/ Фото: Pexels

На пензионирана наставничка во Велика Британија пензијата престанала да ѝ пристигнува, затоа што нејзиниот давател на услуги одбива да ѝ поверува дека таа не е мртва.

Ејлин Мекграт (85) останала без приход за Божиќ кога „Наставничките пензии“ (Teachers’ Pensions), агенција која администрира пензии во име на британската влада, ја помешале со друга жена која починала.

– Во ноември примив две писма од „Наставничките пензии“ еуфемистички во кои ме прашуваа дали сум мртва. Веднаш се јавив да појаснам дека сум многу жива. Сепак, една недела подоцна пристигнаа уште две писма со истото прашање, па и писмено повторив дека сè уште не сум умрела – рекла таа, пренесува „Гардијан“.

Четири дена пред Божиќ, Мекграт открила дека пензијата не ѝ била исплатена.

И покрај новите повици до агенцијата, исплатата и на пензијата за вдовица што ја добива од нив, исто така, била стопирана. Двете исплати конечно биле извршени на 2 јануари, откако таа поднела жалба.

Мекграт рекла дека од 2020 година постојано барале од неа да го докаже своето постоење и секој пат се соочувала со загуба на приходот.

Во текот на пандемијата на коронавирусот, таа престојувала во куќата на својот син и ги пропуштила писма со кои се проверува нејзината состојба. Открила дека има проблем дури кога не ѝ била исплатена пензијата.

Таа била жртва на постапката на проверка со која редовно се проверуваат корисниците на пензии во регистарот на умрените, за да се спречат дополнителни исплати.

– Откако се пожалив, ми ја вратија пензијата, но немаше извинување. Во матичната служба се наведува целото име и годината на раѓање на починатите лица. Речиси е невозможно да постојат други пензионирани наставници со мое име и датум на раѓање кои умираат од година в година – рекла таа.

Мекграт додала дека во писмата не е јасно дека пензионерите треба да ги контактираат доколку нивните околности не се променети.

„За среќа, имам доволно пари на својата штедна книшка за да ги пребродам овие инциденти, но сигурна сум дека тоа не е случај за сите. Освен тоа, непријатно и вознемирувачки е повремено да се зборува дека некој мисли дека си мртов – рекла пензионерката.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот