Жителите на Ново Маало бараат општината да даде согласност за реализација на проектот на „МГ Фешн”

Фото: МИА

Жителите на населбата Ново Маало во Центар даваат целосна поддршка на денешната презентација на инвеститорот „МГ Фешн” за проектот кој е предвиден да се гради на парцелата спроти „Холидеј ин”. Бараат општината да даде согласност за реализација на овој проект.

– По денешната јавна презенатација на планот од страна на инвеститорот, ние жителите на Ново Маало ја информираме јавноста дека целосно го поддржуваме презентираното. Драго ни е што инвеститорот најави целосно реализирање на сите обврски кон нас и очекуваме реализацијата на овој проект да почне во најбрз рок, посочуваат тие.

Од она што денеска беше презентирано, додаваат, може да се заклучи дека просторот целосно се уредува, а посебно, како што велат, е за поздавување најавата за изградба на голема зелена површина со фонтана во средината на паркингот со големина колку плоштад „Македонија”.

– Ова ќе значи ново зеленило и уреден јавен простор, практично уште еден плоштад, но со многу зеленило, нагласуваат жителите на Ново Маало.

Ги осудуваат најавите и барањата на некои невладини организации за стопирање на проектот.

– Тие немаат право да одлучуваат за тоа како ние ќе живееме и заради неразумни барања да останеме да живееме во услови од 19 век. Овој план е добар, има многу јавен простор и места кои ќе бидат на сите граѓани, потенцираат во соопштението.

За утре најавуваат прес-конференција во 14 часот на паркингот кај „Холидеј Ин“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот