Жители на Дебар нелегално се поврзувале на мрежата на уличното осветлување

Фото: Општина Дебар

По појавата на кражби и оштетувања на сообрајќајни знаци и на капаци од столбови од уличното осветлување, локалната власт на Дебар откри уште една негативна појава, нелегално поврзување на мрежата на уличното осветлување.

-Нашите служби почнаа со контрола на мрежата на уличното осветлување и веќе открија нелегално поврзување во истата. Проверките ќе продолжат редовно и сите такви дејствија ќе бидат пријавени за преземање понатамошни дејствија против овие лица, велат од општината.

Оваа контролна активност почна откако фактурите за потрошена електрична нергија почнаа нагло да растат, па во еден период поради ненамирени фактури делови од градот останаа без улично осветлување.

Како што претходно информираа од општината, деновиве зачестена е појава на кражба и оштетување на сообрајќајните знаци и капаците на столбовите од јавното осветлување.

-Случаите ќе бидат изнесени до надлежните органи и се надеваме дека сторителите што поскоро ќе бидат откриени и ќе ја добијат заслужената казна, додаваат од општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот