Жител на Кондово со своето „ауди“ удрил полицаец и побегнал

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 20.30 часот во Скопје на ул.„Ѓорче Петров“ патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(26) од с.Кондово, не застанало на даден знак и со возилото удрило полициски службеник, кој преземал службени дејства.

По преземени мерки од полициски службеници А.А. бил пронајден. Според пријавеното, потоа повеќе лица физички нападнале полициски службеници.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот