Жител на Брвеница пукал на семејна веселба, куршумот завршил во куќата на соседот

Пиштол, оружје
Фото: Pexels/Somchai Kongkamsri

Полицијата вчеравечер во 22 часот и 25 минути во тетовскoто село Брвеница привеле 43-годишник од ова село затоа што на неговата семејна веселба околу 21 часот и 15 минути било пукано со огнено оружје, при што еден заталкан проектил завршил во куќата на 81-годишниот соселанец С.Т. и причинил оштетувања на дел од објектот. Притоа нема повредени лица, извршен е увид, а 43-годишникот е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

-Сeкторот за внатрешни работи Тетово со апел и потсетување до граѓаните дека самоволно пукање со огнено оружје на свадбени или други семејни свечености е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и дека глобата за овој прекршок, согласно членот 31, се движи од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Толку изнесува глобата согласно член 32 од истиот закон и за неовластено приредување огномети, факелијади и слични приредби. Во зависност од околностите и крајните последици, пукањето со огнено оружје може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за што според член 288 од Кривичниот законик предвидена е казна затвор од шест месеци до пет години, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Полицијата на граѓаните им советува и задолжително да ги пријавуваат огнометите во најблиските полициски станици или одделенијата на подрачјето каде што се организираат, во зависност од нивната категорија, а организаторите навреме да ги спроведат сите превентивни мерки за заштита на животот и имотот на сите присутни на свечености, но и воопшто. Потсетуваат дека СВР Тетово без исклучоци ефикасно ќе ги санкционира ваквите прекршоци со изготвување на соодветни поднесоци и со преземање на законски предвидените мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот