Жител кој не ја почитувал одлуката за самоизолација доби казна од 2.500 евра

Судијата одлучил дневната глоба да изнесува 50 евра, и го прифатил предлогот да биде во висина од 50 дневни глоби. Оттука произлегува и сумата од 2 500 евра (50 дневни глоби од по 50 евра).

Казна од 2. 500 евра доби жителот на селото Дебриште, Оштина Росоман, кој по враќањето од Германија вчера не ги почитувал мерките за задолжителна изолација, пишува „360степени.мк“.

-Тој влегол во државата на 16 март во 23:15 часот, враќајќи се од Германија како средноризична земја утврдена на листата на Светската здравствена организација. Притоа, одбил да потпише изјава за задолжителна самоизолација и да ја прими писмената наредба на Министерството за здравство. На 17 март во 13 часот, кога од страна на полицајци од Кавадарци е направена контрола во неговиот дом, обвинетиот не бил затекнат таму и телефонски изјавил дека е на истовар на стока во Струмица- соопштија од обвинителството.

Предлогот на јавниот обвинител, согласно Законот за кривична постапка, беше паричната казна да биде во висина од 50 дневни глоби.

Судијата одлучил дневната глоба да изнесува 50 евра, и го прифатил предлогот да биде во висина од 50 дневни глоби. Оттука произлегува и сумата од 2 500 евра (50 дневни глоби од по 50 евра).

Ова е прва ваква казна во земјава поради коронавирусот, но од надлежните институции најавуваат дека наскоро може да се очекуваат и нови, бидејќи се работи на повеќе случаи каде може да се утврди основ за барање на нови казни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот