Жиру потпиша за Милан и ја задолжи „деветката“

EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Францускиот репрезентативец Оливие Жиру и официјално е нов фудбалер на Милан. Долго очекуваниот трансфер конечно е реализиран денеска, а познат е и бројот кој во Милан ќе го носи поранешниот фудбалер на Арсенал и на Челси.

Милан од денеска има нова „деветка“ Оливие Жиру кој доаѓа од Челси. Французинот во септември ќе наполни 35 години, но во Милан се убедени дека најдобрите игри за Жиру допрва ќе следат.
Милан за трансферот на Жиру ќе плати само еден милион евра, а што се однесува до договорот на напаѓачот, тој потпиша до 2023 година и ќе заработува 3.5 милиони евра по сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот