Жичаната ограда меѓу Србија и Македонија ќе го спречува евентуалниот бран мигранти

Жичаната ограда по тоа решение би требало да помине и низ речиси 200 приватни парцели во селото Миратовац на територијата на Општина Прешево, една во Прешевски бригади, петнаесетина во Лојане, неколку во село Табановце, две во кумановските села Ваксинце и една во Куманово.

Жичаната ограда на границата со Северна Македонија, чија изградба според наводите на локалната самоуправо во Прешево почнала пред два месеци, се покренува во склад со измените и дополнувањата на владината Уредба за мерките за време на вонредна состојба, објави Блиц.

Со таа Уредба пропишано е, поради спречување на ширењето на ковид-19, а посебно поради неовластеното минување на граничниот премин, се наложува привремено заземање на земјиштето во приватна или државна сопственост покрај границата со Северна Македонија и Бугарија.

Сето тоа е наведено во образложението на одлуката на Министерството за финансии за решавање на привременото заземање на имотот низ кој поминува оградата, и објавено на сајтот mfin.gov.rs.

Во Прешево во локалната самоуправа за Танјуг е соопштено дека работата на оградата долга 147 километри почнале пред два месеци, па таа веќе е поставена на државен имот, додека изградбата на приватни парцели и шумите е запрено.

Тие потсетија дека прва таква ограда 2015 година подигнала Унгарија, а потоа е направена меѓу Словенија и Хрватска, а таква е во план и со Бугарија.

Претседателот на општина Прешево Шќиприм Арифи рече за Танјуг дека Владата на Србија ги известила за изградбата на жичаната ограда непоредно пред почетокот на работите, откако, како што додава, подигнувањето на оградата е дел од договорот со Европската унија за спречување на евентуалниот бран на бегалци од исток.

Министерството за финансии на барање на Републичката дирекција за имот, на 30 април донела решение за привремено одземање на земјиште, кое на сила би било најдолго до 3 години, а се однесува на приватните, државните и општинските парцели низ кои ќе минува оградата.

Жицата дели имоти

Жичаната ограда по тоа решение би требало да помине и низ речиси 200 приватни парцели во селото Миратовац на територијата на Општина Прешево, една во Прешевски бригади, петнаесетина во Лојане, неколку во село Табановце, две во кумановските села Ваксинце и една во Куманово.

Арифи додаде дека со претставниците на Дирекцијата за имот разговарал за привремено користење на земјиштето покрај граничната линиј и за тоа дека сопствениците се жалат што жицата им го дели имото па некои делови им остануваат на македонска страна.

Министерството за финансии, кое го донесе тоа решение, наведува дека надоместот за привременото одземено земјиште паѓа на товар на Република Србија, а ќе биде утврден пред надлежниот општински орган на управата.

Арифи вели дека истовремено додека се поставува жичената ограда би требало да се отвори и граничниот премин Миратовац – Лојане преку кој би им се олеснило на мештаните и на земјоделците да си ги обработуваат нивите на двете страни од границата.

„Тие луѓе сега кога ќе се изгради оградата на нива ќе мора да одат по повеќе од 50 километри“, рече Арифи и потсети дека двата парламенти и на Македонија и на Србија кон крајот на 2019 година усвоија закон за отворање на тој граничен премин.

МВР: Од македонска страна на границата не се поставува ограда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот