ЖФК Љуботен ја ангажираше Бразилката Џованиа Домингаш Кампош

фото: ЖФК Љуботен

Актуелниот македонски фудбалски шампион ЖФК Љуботен во женска конкуренција ангажираше огромно засилување за следната сезона.

Станува збор за бразилската интернационалка и екс сениорска репрезентативка Џованиа Домингаш Кампош.

Оваа 37-годишна искусна фудбалерка која има освоено скоро сè што може да се освои во светски рамки, ќе донесе вистински квалитет во нападот на ЖФК Љуботен.

Како што најавуваат од клубот, тука нема да се застане со продолжување на супер квалитетни засилувања пред најголемите предизвици ова лето квалификациите во Лигата на шампионите.

А во женската ЛШ нашиот претставник ќе игра во групата „3“, на квалификацискиот турнир во полуфиналето противник е Аполон Лејдис од Кипар. Во второто полуфинале на турнирот ќе играат Мура (Словенија) и Самегрело (Грузија). Овие мечеви се закажани за 6 септември, а финалето и третото место за 9 септември 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот