Жената од САД која лани си го фрли новороденчето во контејнер доби 16 години затвор

Фото јутуб

Младата жена од Ново Мексико, која минатата година го фрли своето новороденче во контејнер, е осудена на 16 години затвор. Поротата ја осуди Алексис Авила (19) за обид за убиство и злоупотреба на деца.

На 7 јануари 2022 година, минувачите го нашле бебето во контејнер во Хобс, град со околу 40.000 жители. Бебето преживеало.

Авила, која тогаш имала 18 години, ѝ рекла на полицијата дека не знаела дека е бремена до ден пред да се породи.

„Знам дека тоа што го направив беше погрешно и единствената личност на која навистина треба да и се извинам е моето дете“, рече Авила на суд вчера, како што објави Ен-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот