Жена заразена со коронавирус се шетала во Загреб, ѝ се закануваат две години затвор

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

На денешната прес-конференција во Загреб за коронавирусот, началникот на полицијата Марко Рашиќ откри дека полицијата поднела казнена пријава за жена која излегувала од дома иако имала коронавирус.

Таа е пријавена за ширење и пренесување на заразни болести.

„За жал, одредени граѓани не се придржуваат до мерките за самоизолација и изолација. Полицијата поднесе казнена пријава за казнено дело ширење и пренесување на заразни болести против една жена стара 33 години, која го напуштила своето место на живеење, иако била заразена“, рекол началникот на загребската полиција Рашиќ.

Тој додаде дека казната за тоа е до две години затвор.

Во Загреб вчера имаше 340 заболени лица, а денеска се детектирани девет нови случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот