Жена украла злато во Чаршија, златарот ја фатил и ѝ удрил ќотек, па таа го пријавила

37-годишна скопјанка вчера украла златен предмет од златарница во Старата чаршија, a слатарот ја фатил и ја истепал, по што таа го пријавила, соопшти полицијата.

„На подрачјето на Бит Пазар-Скопје, вчера во 13.40 часот полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Р.А.(37) од Скопје. Таа се сомничи дека претходно од златарница одзела златен предмет. Р.А. пријавила дека околу 13.00 часот во златарницата продавачот Н.А.(60) од Скопје ја нападнал физички.

Полицијата по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот