Жена мислела дека спасила еже: Се изненадила кога ветеринарот ѝ ја открил вистината

Фото: Pexels / Svetlana Romashenko

Жена од Велика Британија се изненадила кога дознала дека ежето што мислела дека го спасила од улица всушност не е живо суштество, пишува „Њујоркпост“.

Како што раскажува менаџерката на болницата за животни Џенет Коце, неодамна ги посетила љубителка на животни која тврдела дека нашла болно еже на патот. Меѓутоа, самата вест дека пронашла еже ја збунила менаџерката, бидејќи било сè уште рано да се најдат во природата.

Жената тврдела дека во текот на ноќта внимателно го чувала животното за наутро да го однесе на преглед во ветеринарната станица. Таа дури се погрижила да го стави ежето во кутија обложена со весник и да го нахрани. Воопшто не била изненадена што неподвижното животно било лесно и немало остри боцки.

Менаџерката Коце рече дека не можела да поверува што видела кога открила дека всушност не е се работи за вистинско животно. Кога и кажала на госпоѓата за што се работи, таа се засрамила и ја напуштила болницата.

Вработените во ветеринарната станица, која се наоѓа во градот Кнутсфорд, Велика Британија, во кутијата всушност пронашле туфна од зимска капа.

„Ја отворив кутијата и не можев да поверувам што гледам. Помислив: ‘Дефинитивно не е еж, можеби е некој друг вид’. Сфатив дека не е жив и го зедов по што почувствував дека не е еж или некое животно“, рекла таа.

Ситуацијата ги насмеала вработените, а Коце решила да го фотографира „животното“ и да ја сподели приказната. Сепак, таа вели дека госпоѓата имала најдобри намери и истакна дека треба да пружите помоѓ ако видите еж на отворено во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот