Железничкиот сообраќај меѓу Атина и Солун е обновен

Грција воз Атина - Солун / Фото EPA-EFE/Alexander Beltes

По неколку месечен прекин поради штетата предизвикана од поплавите, се обновува железничката врска меѓу Солун и Атина, првично за товарните возови, а од сабота и за патничките.

Од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција соопштија дека доцна синоќа бил пуштен во сообраќај првиот товарен воз, а од 16 декември ќе почнат да сообраќаат и патничките возови за целосно да се обнови железничкиот сообраќај.

Во првите месеци од 2024 година ќе започне и работата за целосно санирање на штетите на уште двете железнички делници во централна Грција, односно Лариса – Волос и Палеофарсалос – Каламбака, како и на туристичката линија во Пилио.

На почетокот на септември Грција ја зафати невремето „Даниел“ кое донесе поплави во централниот дел на земјата, како и материјална штета на патната и железничката инфраструктура, а кусо подоцна следеше и второ невреме во истата област, со што целосно беше прекинато железничкото поврзување меѓу Атина и Солун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот