Згаснаа надежите на Зеленски, нема договор за испорака на германски тенкови за Украина

Фото: EPA-EFE/PRESIDENTIAL PRESS SERVICE HANDOUT

На состанокот во Рамштајн каде украинскиот претседател Володимир Зеленски очекуваше „силни одлуки” како што е испраќање тешки оклопни возила за помош на неговата земја во идните одлучувачки битки против Русија не беше донесена одлука за снабдување со германски тенкови леопарди, рекоа официјалните лица, објави Ројтерс.

Беа дадени ветувања за големи количества друго оружје, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана и некои други модели на тенкови.

На состанокот доминираше прашањето дали Германија ќе се согласи да испрати тенкови леопард 2 во Украина или да им го дозволи тоа на други земји што ги имаат тие тенкови.

САД го повикаа Киев да се воздржи од спроведување таква операција,а претседателот на Здружениот Генералштаб на оружените сили на САД, генерал Марк Мили, изрази силно сомневање дека Украина ќе успее да ги истера руските трупи од нејзината територија оваа година.

„Од воена гледна точка сè уште тврдам дека за оваа година ќе биде многу, многу тешко воено да се исфрлат руските сили од сите, секоја педа од … – окупирана Украина”, им рече Мили на новинарите на состанокот организиран од САД за Украина во воздухопловната база „Рамштајн” во Германија

Според резултатите на најновата анкета на телевизијата АРД „Дојчландтренд” 46 проценти од Германците се за испраќање на тенкови Леопард на Украина.

Додека против испораката на тенкови за Украина се изјасниле 43 отсто од испитаниците, а 11 проценти не сакале да одговорат. Анкетата покажува дека лицата до 50 години претежно се против испраќање на тенкови во Украина.

Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, денеска изрази увереност дека западните сојузници ќе успеат да формираат коалиција што ќе обезбеди тенкови „Леопард” за Украина.

Средба „Рамштајн“ – Ќе се оствари ли желбата на Зеленски да добие тенкови од Западот?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот