Зендели: Со нашите можности можеме да придонесеме кон толеранцијата и мирот на глобално ниво

Фадил Зендели, Беса, Фото: Архива

И покрај предизвиците, остануваме посветени на патот кон ЕУ и за нас е важно да станеме дел од европското семејство, каде и географски и културно припаѓаме. Но и покрај ова, не се концентрираме само на Европа, туку соработуваме и со сите други со кои делиме исти цели, истакнал потретседателот на Собранието Фадил Зендели на денешната средба со претседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир, Ахмед бин Мохамед ал-Јарван.

Како што се наведува во соопштението објавено на веб страната на Собранието, Зендели рекол дека како мала земја, нашите капацитети не се многу големи, но со нашите знаења и други можности, можеме да придонесеме кон толеранцијата и мирот на глобално ниво.

Потпретседателот на Собранието на средбата го запознал гостинот со составот, структурата и функционирањето на нашиот законодавен дом и како заеднички, власта и опозицијата, се справуваат со пандемијата, која остава не само здравствени, туку и последици врз економијата, образованието и други важни сегменти во општеството. Во таа насока, Зендели ја потенцираше важноста од конструктивен дијалогот за секое демократско општество.

Претседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир, Ахмед бин Мохамед ал-Јарван информирал дека нивната регионална канцеларија за Балканот е отворена токму тука, што е само знак дека високо се цени она што нашата земја го има направено во насока на добрососедски односи, со визија за толеранција и мир, што е силна порака до Европа и светот.

Како што се наведува во соопштението Ал-Јарван остави отворен простор за слободни идеи за функциорање на оваа канцеларија, со можност да се организираат настани со гости од балканските земји и на тој начин да се покаже дека овој регион, без оглед на минатото, може да живее во толеранција и мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот