Зендели: Албанската опозиција има недостиг на идеи и е популистичка

Фадил Зендели, Беса, Фото: Архива

Албанските партии од владејачкото мнозинство ДУИ и Движењето Беса, оценуваат дека албанските опозициски партии не се конструктивни во работата на парламентот и дека немаат конкретни идеи и проекти, туку, според нив, се занимаваат повеќе со популизам.

– Албанската опозиција има недостиг на идеи. Немаат конкретни идеи. Се трудат со некои популистички елементи да го докажат опозициското делување. Можеби тоа им е пристап на делување. Немаат конкретни проекти со кои би излегле пред Албанците и би покажале дека имаат алтернативни проекти, оценува во изјава за „Слободен печат“, Фадил Зендели, потпретседател на Собранието и пратеник од редовите на Движењето Беса.

И од Мала Речица, седиштето на ДУИ за „Слободен печат“ посочуваат дека опозициското делување на албанските опозиционери е популистичко и создава само магла пред очите на граѓаните.

Партиските политики не може да бидат наметнати на државно ниво со локално дејствување

Бугарското вето може да ги „распакува“ Македонија и Албанија

Беџети: Албанската опозиција во Собранието докажува дека е достоен заштитник на интересите на граѓаните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот