Зеленски со порака до Русите: Никој не ги прибира труповите на вашите војници

Володимир Зеленски, претседател на Украина/Фото: EPA-EFE/ANDRZEJ LANGE POLAND OUT

Украинаскиот претседател Володимир Зеленски им рече на Русите дека телата на нивните војници лежат на боиштата во Украина и дека никој не ги зема.

„Во жариштата на особено тешките борби, првите линии на нашата одбрана се преплавени со трупови на руски војници“, рече тој, повторувајќи дека 14.000 Руси биле убиени во инвазијата на неговата земја во видео порака објавена рано наутро во неделата.

„И тие трупови, тие тела никој не ги зема.“

Тој рече дека може да разбере дека Русија има речиси бескрајни резерви на војници и воена опрема.

„Но, би сакал да знам што мислат граѓаните на Русија – што се случи со вас што не ги забележувате вашите загуби? Тоа се 14.000 мајки, 14.000 татковци, сопруги, деца, роднини, пријатели – а вие не забележувате?“, рече Зеленски.

Не може независно да се проверат тврдењата на Украина за бројот на загинатите руски војници, ниту пак може да се избројат воените загуби на Украина, кои лидерите на земјата ги процениле на околу 1.300 војници пред околу една недела.

Москва досега потврди само околу 500 жртви меѓу своите сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот