Зелен сертификат за вакцинација и за соработниците на Ватикан да добијат пристап до работните места

Ватикан / Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Соработниците во Ватикан сега мора да приложат зелен сертификат за вакцинација или прележан коронавирус за да добијат пристап до своите работни места. Мерката стапи на сила вчера.

Отсуството од работното место на вработените кои немаат таков документ ќе се смета за неоправдано. За време на отсуство на овие лица ќе им биде прекината исплатата на платата.

Досега, вработените во Ватикан имаа пристап до своите работни места со презентирање зелен сертификат и негативен тест за коронавирус. Согласно заострувањето на мерките од 31 јануари идната година, лицата ќе можат да работат доколку имаат документ со кој се потврдува третата доза вакцинација.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот