Затворска казна доколку не се почитуваат мерките во Уганда
Африканската земја Уганда донесе нов закон за нивните жители во кој доколку тие не ги почитуваат мерките за справување со Ковид-19, ќе им следува затворска казна од два месеци.
Според новите правила кои министерството за здравство на земјата ги објави во законски документ, оние на кои им е забрането да работат ( фирми, кафичи, ноќни клубови, биоскопи, ресторани, сендвичари), во случај на кршење на забраната ќе им следува затворска казна, пренесува Би-Би-Си.
Уганда од март 2020-та година се наоѓа во карантин, а во некои случаи полицијата била приморана насилно да се справи со луѓето кои не ги почитувале мерките.
Земјата моментално поминува низ вториот бран на пандемијата, за кои надлежните велат дека може да го достигне новиот врв околу крајот на јули и почетокот на август.