Започнува изработка на административни упатства за смена на градоначалниците на четири општини на северот на Косово

Фото: wallpaperflare.com

Работната група која подготвува нацрт за изработка на административни упатства за смена на градоначалници во четири општини на северот на Косово денеска треба да почне со работа.
Тој нацрт ќе биде основа за петиција, за која е потребен потпис од 20 отсто од гласачките тела, за да се сменат градоначалниците.

Се очекува административната инструкција да биде завршена до 1 септември, пишува Клан Косова.

Работната група ја сочинуваат претставници на Владата, Претседателството и граѓанското општество, а меѓу нив нема претставници на Срби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот