ЗАПАДОТ ВО ПАНИКА: Северна Кореја продолжува да збогатува ураниум

Сајтот за анализа на Северна Кореја „38 Норт” (38 North) објави дека главниот нуклеарен комплекс во земјата продолжува со активностите во постројките за збогатување на ураниум.

Сајтот, со кој раководи тинк тенкот „Стимсон центар” од Вашингтон, посочува дека неодамнешните сателитски снимки покажуваат дека постои движење на возила, опрема и персонал во близина на објектот за ураниум во нуклеарната електрана во Јонгбјон.

– Забележавме дека продолжува периодичниот транспорт на материјали во комплексот за збогатување на ураниум што укажува дека комплексот е оперативен и дека најверојатно произведува збогатен ураниум, наведува „39 Норт” врз основа на сателитски снимки направени во изминатите неколку месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот