Закажан спектакл на „Вембли“: Англија ќе игра против Бразил

Фудбалската репрезентација на Англија/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Фудбалските репрезентации на Бразил и Англија во март ќе одиграат пријателски натпревар на „Вембли“ во Лондон, пренесува „Ројтерс“.

Како што пренесуваат првите луѓе на бразилскиот фудбал во своето соопштение, целта е нивната најдобра репрезентација секогаш да игра против поранешните светски шампиони, за да имаат натпревари на високо ниво.

Тоа ќе бидат први натпревари на Англија против Бразил по шест години, а последниот беше одигран во 2017 година без голови (0:0).

Според најавите Англија ќе го пречека Бразил на 23 март 2024, а само три дена подоцна Бразилците ќе тестираат против уште еден гигант, Шпанија, во Мадрид.

Бразил во втората половина на ноември годинава ќе одигра два натпревари во квалификациите за СП 2026 година, против Колумбија и актуелниот светски првак Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот