Зак Ефрон е подготвен да го глуми Метју Пери во биографскиот филм: Ќе ми биде голема чест

Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia / EPA-EFE/EDUARDO LIMA

Актерот Зак Ефрон (36) неодамна го промовираше својот нов филм „Железната канџа“, а во последното интервју за магазинот „Пипл“ изјави дека би му било чест да ја добие улогата на неодамна починатиот Метју Пери во филмот за неговиот живот, доколку некогаш се сними.

Имено, во 2022 година, Метју Пери изјави дека веќе побарал од Ефрон да глуми во филм што тој го напишал и планирал да го режира. Тогаш младиот актер наводно му рекол „не“. Метју го избра Ефрон затоа што веќе го играше во филмот „Поворно 17 повторно“.

Разговорот за биографскиот филм и улогата стана повторно актуелен откако Метју Пери ненадејно почина на 28 октомври. Оттаму, во интервјуто за „Пипл“, Зак потврди дека со задоволство би прифатил да ја игра улогата на починатиот актер.

„Почестен сум што мислеше на мене да го глумам. Ќе ми биде голема чест да го направам тоа“, изјави Ефрон.

Тој се потсети и на нивниот заеднички филм што го снимија во 2009 година.

„Пери ми беше ментор и заедно направивме навистина ‘кул’ филм. Се угледав во него, од него го научив тајмингот во комедијата. Кога го снимавме ‘Повторно 17’, беше надреално да се погледне спроти мене и да го видам затоа што научив многу од него, од целиот негов живот“, додаде Зак.

Објавена умреницата на Метју Пери, наведен чуден детаљ како причина за смртта

ВИДЕО | Обожавателите бараат да се отстрани една сцена од „Пријатели“: Тие ја предвидоа иднината на Метју Пери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот