Загрозена безбедноста на Твитер, обвинуваат поранешни вработиени во компанијата

Твитер лого/Фото: SOPA Images / ddp USA / Profimedia

Поранешниот шеф на безбедноста на Твитер, Питер Затко, стана дојавувач и сведочеше дека компанијата ги довела корисниците и американските регулатори за ранливости во безбедноста на социјалната мрежа.

Исто така, Затко тврди дека компанијата го потценила бројот на лажни и спам сметки на својата платформа. Тој изрази загриженост поради ракувањето со податоците на Твитер, што укажува дека голем број вработени имале пристап до чувствителни системи и кориснички податоци.

Затко исто така истакна дека компанијата не ги бришела соодветно податоците на корисниците кои ги укинале своите сметки.

Илон Маск, Твитер Фото: EPA, Pixabay

Неговото сведочење може да влијае на претстојното судење на милијардерот Илон Маск во октомври, откако тој се повлече од купувањето на Твитер во јули годинава.

Илон Маск – Твитер/ Фото Olivier DOULIERY / AFP / Profimedia

За потсетување, Маск склучи купопродажен договор во вредност од 44 милијарди долари, но се откажа од купувањето на Твотер откако компанијата одби да му испрати извештај за бројот на лажни и спам сметки.

За тврдењата на поранешниот шеф на обезбедувањето, самата компанија соопшти дека наводите на Зат се неточни и неконзистентни. Понатаму изјавија дека во јануари добил отказ поради неефективно водство и слаби перформанси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот