Загревање за 14. „МакеДокс“ во „Котур“

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ на 10 август, со почеток во 21 часот, во мултимедијалниот простор „Кафе и кино Котур“ организира предфестивалско загревање со забава за сите љубители на документарниот филм. На настанот ќе може да се дознае комплетната програма на 14-тото издание на фестивалот, а за музиката ќе биде задолжен Џано Куч.

Фестивалот „МакеДокс“ во своето 14-то издание ќе се одржи од 17 до 24 август со мото #пресечи (#cutit). Во фокус на годинашното издание е монтажата на документарните филмови, а се очекува како гости на фестивалот да дојдат стотина филмски автори.

На фестивалот ќе бидат прикажани 75 документарни филмски остварувања во пет натпреварувачки категории. Проекциите ќе се одвиваат на повеќе локации, како Куршумли-ан, платото пред Музеј на Македонија, Сули-ан и Младинскиот културен центар во Скопје.

Фестивалот е во организација на Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“. Целосната програма на фестивалот може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (makedox.mk), а може да се симне и фестивалската апликација. Од 10 август е отворена можноста за онлајн купување на билетите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот