Загина жена во страшна сообраќајка на наплатната рампа кај Тетово

Утрово во 06.45 часот на автопатот Тетово-Гостивар кај наплатната рампа кај Тетово  се случи страшна сообраќајна несреќа во која загина едно лице, 51-годишна жена од Кичево. Сообраќајката е необична зошто двете возила се судриле на самата наплатна рампа, практично меѓу две кабини. Загинатата жена била од Кичево, а возела автомобил мерцедес со охридски регистарски таблички. Другото возило во кое имало тројца патници било марка фолсваген туарег од Дебар, а го управувало 37-годишно лице. Патниците во туарегот се тешко повредени и префрлени во тетовската болница каде се задржани на лекување.

Полицијата ивршила увид на местото на несреќата, но засега не се откриваат причините поради кои две возила се судриле. Неофицијално возилата била во иста лента, напред туагерот, а позади мерцедесот. Истрагата ќе треба да каже дали мерцедсот се движел со преголема брзина, па не можел да закочи и директно удрил во туарегот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот