Заев за предлогот на Силва и Вархеји: Имаме добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите со ЕУ

Имаме добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил. Според него ова е вистинскиот момент да одиме чекор понатаму, да се вложиме  и да постигнеме договор во интерес на заедничката европска иднина.

-Имаме добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, со решение кое не задира во македонските идентитетски прашања и за кое сме убедени дека е прифатливо и за круцијалните позиции на Бугарија.

Министерот за надворешни работи на Португалија Силва и еврокомесарот Вархеји денеска презентираа предлог-решение за надминување на проблемот помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, со цел да се деблокира одржувањето на првата меѓувладина конференција.
Сметаме дека сме во вистинскиот момент да одиме чекор понатаму, да се вложиме сите и час поскоро да постигнеме договор во интерес на заедничката европска иднина. Тоа го очекуваат и го бараат граѓаните на нашите две земји, тоа го очекуваат европејците, тоа си го должиме себеси, тоа му го должиме на народот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот