Заев за „КОХА”: Во тек се консултации за ново парламентарно мнозинство, вклучувајќи ја и ДУИ

Претседателот на СДСМ и претендент за формирање на новата Влада на Северна Македонија, Зоран Заев во изјава за весникот „КОХА”,  истакна дека во тек се консултаците за обезбедување на ново парламентарно мнозинство, од кое дел ќе бидат и ДУИ на Али Ахмети.

-Во тек се консултации од различен формат, доколку има некаков прогрес во разговорите, ќе ја информираме јавноста, изјави Заев.

Претседателот на С. Македонија Стево Пендаровски, чека одговор од лидерите на политичките парти, за да го додели мандатот на тие партии што ќе обезбедат 61 пратеник.

-Во однос на прашањето кога претседателот би имал средби со партиите, ќе го почекаме исходот од разговорите кои се во тек меѓу партиите кои имаат освоено пратеници во Собранието. Која било партија или коалиција од партии што ќе обезбеди мнозинство во Собранието може да побара разговор кај претседателот за да го информира за резултатот од политичките преговори, велат од кабидентот на Преседателот Пендаровски.

Исто така „Коха“ дознава дека наскоро треба да има нова средба Заев и Ахмети, со цел изнаоѓање компромис за идно владеење, додека партиските комисии на СДСМ и ДУИ продолжуват.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот