Заев: Транспарентни сме во маркетиншкото рекламирање во сите медиуми

Заев смета дека работите во ова време се променети и може да биде силна порака за владеењето на правото.

Како партија сме отворени, транспарентни и одговорни кога станува збор за маркетингшкото претставување на нашите политики и успеси во медиумите. Ако видите дека сме помагале на тогашната 1ТВ, сме помагале и на Сител, на Канал 5 и на други и сме добиле сериозен маркетингшки простор преку кој сме имале можност да ги претставиме нашите политики, во време од пред пет-шест месеци пред да се појави случајот Рекет или да сум имал индиции за тоа, изјави вечерва во Прилеп претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Тој подвлекува дека кога зборува за маркетингшката поддршка, најчесто тоа СДСМ го прави преку закуп на сите медиуми, како и дека тоа транспарентно го објавуваат и може да се види во ревизорските извештаи.

-Државата, нам, на политичките партии ни дава сериозни пари од граѓаните. Еден дел од тие пари се за маркетинг на нашите политички субјекти, еден дел одат за сериозни аналитички центри и за подигнување на нашите демократски капацитети, а друг дел претставуваат промоција на нашите политики и успеси, зашто веруваме дека ако политичките партии бидат подобри, и државата ќе ни биде подобра. Тоа го правиме на транспарентен начин. Ако видите дека сме помагале на тогашната 1ТВ, сме помагале и на Сител, на Канал 5 и на други и сме добиле сериозен маркетингшки простор преку кој сме имале можност да ги претставиме нашите политики. Зборувам отворено, дури во едно време кога немало никакви докази, ниту сум имал некакви индциии, ниту пак претставил некој нешто пред мене, во такво едно време пред пет-шест месеци пред да се појави случајот Рекет или, пак, мене да ми биде презентиран, како совесен, одговорен претседател на Влада, сум почувствувал дека има одредено сомнително финансирање. Па затоа сум прашувал од каде, ( таму велат „од фраерот од Хрватска” или од некои други извори), зашто државата мора да води грижа за своите реперкусии од кој било аспект кои може да настанат како штетна последица врз целото наше општество, изјави Заев на новинарско прашање за коментар за тоа што пратеникот Антонио Милошоски денеска ги предаде во Обвинителството аудио-снимките што ги пушташе во Собранието.

Прочитајте и...  Се подготвуваат локации за дезинфекција на возилата на влезовите во Кочани

Заев смета дека работите во ова време се променети и може да биде силна порака за владеењето на правото.

-Мислам дека е јасно дека не е исто во државата. Работите многу се променија и тоа може да биде силна порака: ако Заев може да внимава, ако може носителите на јавни функции да внимаваат, ќе внимаваат судиите, обвинителите, деловните луѓе, граѓаните. Европска држава ќе бидеме ако владее правото, над сѐ, ја почитуваме правната држава и законот важи еднакво за сите, изјави Заев.

Тој категорично ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека во август во премиерската вила на Водно се сретнал со поранбешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

– Не е точно. Треба да ги проверат тие податоци како се обзезбедени. Последна средба со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева имав во Советот за реформи во правосудството, во Владата, така што ова не е точно, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Прочитајте и...  Градежниот сектор стравува дека ќе има проблем со ликвидноста

Прочитај повеќе

Анкета на НДИ: СДСМ со 3,3 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ

МИА Агенција

Нова веб страна за сите информации за коронавирусот

Слободен печат

Ирански хакери се обиделе да влезат во личната е-пошта на персоналот на СЗО

МИА Агенција

Мајка на дете со аутизам: Децата со аутизам се различни, а исти

Слободен печат

Гугл во борба со дезинформациите за пандемијата

МИА Агенција

Најнови податоци за состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„Грција од дома” – кампања на Министерството за туризам на Грција (ВИДЕО)

МИА Агенција

Филипче: Холандија донираше еден цел кабинет за дијагноза на коронавоирусот (ВИДЕО)

Слободен печат

Скандалозна изјава на таткото на еден од тепачите на девојката од Штип: „И таа е виновна“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Филипче: Заразен е доктор од психијатриската болница во Демир Хисар (ВИДЕО)

Слободен печат

ВО ЖИВО: Прес-конференција на министерот Филипче за состојбата со коронавирусот

Слободен печат

Помош во прехранбени артикли добија над педесет семејства во Голо Брдо

Слободен печат