Заев со порака до ДИК: Побрзо да почнете со постапката за набавка на апарати за отпечаток од прст

Апелирам до Државната изборна комисија (ДИК) брзо да влезе во постапка за набавка на апарати за гласање со отпечаток од прст, за да може да се исполни ова законски вградено решение, изјави денеска премиерот Зоран Заев пред Владата.

– Ќе направиме се да набавиме тоа што зависи од нас. Министерот за финасии реагираше конкретно. Пари во буџетот има, ако фалат, имаме ребаланс. За тоа да се направи, секако, дадовме писмено одобрение од Финансии за да може претседателот на ДИК и целата Комисија да влезат во постапка на набавка на апаратите за отпечаток од прстот, рече Заев.

Тој верува дека набавката ќе заврши до локалните избори, бидејќи, како што рече, има уште околу осум месеци, а со современите европски технологии очекува тоа брзо да се направи.

– Тоа може да ја зголеми довербата во гласачкиот процес, што е многу важно. Врв на демократијата е гласањето. Апелирам до ДИК, сите владини служби стоиме на располагање, да инсистираме брзо да се направи набавката, посочи Заев.

Премиерот додаде оти разговарал со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој му посочил дека се подготвени целата база да ја дадат на ДИК, односно, како што рече, се работи за трансфер на информатички податоци, што, според него, е лесно спроведливо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот