Заев: Постојано работиме на подобрување на економските политики

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Владата на 41-вата седница ја донесе Програмата за економски реформи 2021 – 2023 година, која како обврска е дел од реформите согласно евроинтеграцискиот процес. Овој стратешки документ e исклучително важен дел од пристапниот процес кон Европската Унија, напиша Заев на ФБ.

Континуирано работиме на подобрување на економските политики за зголемување на конкурентноста на деловниот сектор и отворање нови работни места, напиша денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
-Владата на 41-вата седница ја донесе Програмата за економски реформи 2021 – 2023 година, која како обврска е дел од реформите согласно евроинтеграцискиот процес. Овој стратешки документ e исклучително важен дел од пристапниот процес кон Европската Унија, напиша Заев на ФБ.
Премиерот Заев посочи дека Програмата за економски реформи содржи: макроекономски проекции, план на Буџетот за наредни три години, структурни реформи кои влијаат на економскиот раст.
-Спроведување на овие реформи се стратешка определба и приоритет за придвижување на економијата и забрзан раст. Повеќе за одлуките од седницата: vlada.mk/node/24015, напиша премиерот Заев на Фејсбук. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот