Заев: Економскиот пик ќе биде во април и нема да биде лесно

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска на прес конференција ја поздрави одлуката на Владата за воведување на вонредна состојба и се надева на позитивен одговор од претседателот на државата Стево Пендаровски.
Тој исто така ја поздрави одлуката на Шпанија за ратификација на членство а во врска со критиките на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека задоцнил со мерките.

– Владата не доцни, господинот мицкоски доцни со мерките, рече Заев.

Тој нагласи дека вонредна состојба е за воведување поради дисциплина кај населението и се заблагодари на здравствените работници, армијата, полиција, и медиуми за посветеноста со која и пристапија на кризата.

– Вонредната состојба не значи полициски час, но тој ќе се воведе ако нема ред, предупреди Заев, и додаде дека треба да очекуваме сериозна економска криза.

– Економскиот пик го очекуваме во април, нема да биде лесно,  и жал ми е што морам ова да го соопштам. Светот како што прави, правиме и ние. Допрва државата ќе развива економски мерки. Буџетот е ликвиден и може подготвено да се справи со оваа многу тешка криза, нагласи претседателот на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот