За три недели, петмина пациенти на Геријатрија починаа од ковид-19

смрт ковид, починати од ковид
Фото: Слободен печат/Драган Митровски

Последните три недели петмина пациенти сместени во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје починаа од ковид-19, потврдуваат за „Слободен печат“ извори од раководството на болницата. На клиниката моментално има уште 11 позитивни пациенти на кои 21-дневната изолација им истекува во четврток и се очекува да се излекуваат и негативизираат.

Директорката на клиниката, доктор Салија Љатиф Петрушовска за „Слободен печат“ вели дека пациентите кои починале имале коморбидитети, меѓу кои и карцином и кардиолошки дијагнози.

-Единаесет пациенти се позитивни во моментот и се во добра здравствена состојба. Забележавме дека има голема улога примената доза на вакцина. Тие со две примени дози речиси се асимптоматски, а оние со потешка клиничка слика се невакцинирани. Имаме и пет пациенти кои се реинфицирале, значи претходно биле заразени, прележале, примиле две дози, па пак се заразиле. Ги почитуваме препораките, персоналот е подготвен, обезбедена е терапија и имаме комуникација со Инфективната клиника по потреба за лекар супспецијалист, вели доктор Љатиф Петрушевска.

Според нашите информации, на геријатрија има и неколку од медицинскиот персонал кои се позитивни на коронавирусот и се во изолација. Пациентите почнале да се заразуваат пред околу три недели, еден пациент кој бил пренесен во ГОБ „8 Септември“, но за седум дена се излекувал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот