За спречување на кражби и насилство на протестите по убиството на Афроамериканец: Полициски час во Филаделфија

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Властите во Филаделфија од синоќа воведоа полициски час со цел да се спречат кражбите и насилството за време на протестите, кои избија откако полицијата уби еден Афроамериканец.

Како што е соопштено од кабинетот на градоначалникот на Филаделфија, полицискиот час стапи во сила вчера во 21 часот и трае до денеска наутро во шест часот.

Во Филаделфија од понеделникот се одржуваат протести откако полицијата со огнено оружје го уби 27-годишниот Афроамериканец Волтер Волас, кој се судрил со безбедносните сили и бил вооружен со нож.

Полицијата обвини одделни демонастранти дека ги искористиле протестите за кражба на продавници при судирот со полициските сили. Во првиот ден од протестите биле уапсени 91 лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот