За што сè можете да ја искористите лушпата од јајца

Лушпата од јајцата е богата со калциум и со други важни минерали и може да се искористи за различни примени.

Може да послужи како маска за лице, бидејќи како што тврдат експертите, таа е богата со калциум и со други важни минерали. Многу лесно од неа можете да направите маска за лице на следниов начин.

Свежата лушпа од јајцата печете ја десетина минути во рерна на 150 степени. После тоа иситнете ја за да стане прав. Добиениот прав измешајте го со една белка и нанесете го на лицето. Кога маската ќе почне да се суши, ќе ви го затегне лицето, а кога целосно ќе се исуши, измијте го лицето.

Ако се исечете, скршете едно јајце и извадете ја тенката мембрана од внатрешната страна на јајцето. Нанесете ја на исеченото место и крвта после неколку секунди ќе престане да тече. Мембраната можете да ја употребите и ако имате проблем со плускавци или ако кожата ви е иритирана.

Правот добиен од лушпата од јајцето можете да го додадете и во лак за нокти бидејќи влијае на зајакнување на ноктите. Исто така добар е и против брчки, па можете да го помешате со кремата за лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот