За пет месеци Албанија ја посетиле над 2,3 милиони странски туристи

Досја.ал

Албанија и понатаму привлекува голем број странски посетители, кои во периодот јануари-мај годинава биле за 42 отсто побројни споредено со истиот период минатата година.

Министерката за туризам и животна средина Мирела Кумбаро во објава на социјалните мрежи ги наведува податоците за бројот на туристи во првите пет месеци годинава, кои, како што оценува, се добра најава за нова рекордна туристичка година.

-Во овој период нашата земја ја посетиле 2.389.899 странски туристи, наспроти 1.677.691 истиот период лани, што е за 42 отсто повеќе споредено со првите пет месеци лани. Во мај годинава престојувале 705.079 странски туристи што е 17 отсто повеќе споредено со истиот месец лани, кога сме имале 604.430 странски туристи, наведува Кумбаро во објава на социјалните мрежи.

Додава дека поради долгото крајбрежје, Албанија нуди многу, убаво уредени, плажи, од север кон југ, како во Велипоја, Шенѓин, Драч, Валона, Химара, Саранда итн.

-Овие плажи ги посетуваат не само Албанците, туку и странски државјани, кои во летните месеци ја избираат Албанија како туристичка дестинација. Исто така, Ѓирокастро, Берат, Бутринти, Круја, Тирана, Скадар итн., се популарни дестинации за историски и културен туризам. Исто така, нашата земја има услови за целогодишен туризам, поради релјефот, кој нуди можности за туризам од југ до север, посочува таа.

Според неа туристичките села на северот од земјава во последно време имаат голем број туристи, а се развива и инфраструктурата за авантуристички туризам.

Албанија има и многу реки, лагуни и национални паркови кои привлекуваат туристи од целиот свет.

Минатата година во Албанија престојувале 7,5 милиони странски туристи што се оценува како рекордна година. Нивниот број бил поголем за 1,9 милиони споредено со 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот