За пет дена заврши тестирањето во Вухан, тестирани 11 милиони жители

Фото; EPA-EFE/LI KE CHINA OUT

Во рок од само пет дена централниот кинески град Вухан го заврши тестирањето на 11,28 милиони жители, што го спроведе поради зголемувањето на бројот на лица кои се заразија со Ковид-19, пренесува Ксинхуа Њуз.

„Тестирани се сите жители на Вухан, освен децата помлади од шест години и студентите кои се на летен одмор“ изјави заменик -секретарот на градската влада Ли Тао.

До саботата, во последниот бран од заразата, во Вухан беа регистрирани 37 локални пренесувања на коронавриусот, како и 41 асимптоматски случаи.

Вухан ги тестира своите граѓани откако повторно се појавија случаи на коронавирус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот