За кампањата за вакцинација владата ќе потроши 252 илјади евра

Вакцинација/ ФОТО: Драган Митрески - СП.

Повеќе од 30 јавни личности, голем број лекари, локални авторитети и влијателни личности на социјалните мрежи чии лица ќе бидат објавувани во видеа и на постери, ќе бидат вклучени во масовната кампања на владата за имунизација против ковид 19, дознава Слободен печат.

Според нашите информации од владини извори, за кампањата предвиден е буџет од 15.635.580 денари или околу 250 илјади евра. Јавната набавка е извршена во шест дела, а три агенции ќе бидат вклучени во нејзината реализација, агенцијата Рејтинг, Еден на еден и Техно графика. Досега снимени се три квалитетни спотови и голем акцент е ставен на социјалните мрежи каде ќе има најмногу содржини како видеа така и едукативни графички решенија, разбивање на митови и неточни информации преку графички содржини и пораки од лекари и здравствени работници. Кампањата ќе се одвива најмалку до крајот на оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот