За една недела слетале 92 авиона: Швајцарија трага низ земјата по патници од Велика Британија

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Швајцарските власти моментно трагаат по лицата кои влегле во земјата од Велика Британија, бидејќи од вчера, ретроактивно, е воведен карантин за сите кои пристигнале од таа држава.

Секој, кој од 14 декември пристигнал од Велика Британија во Швајцарија, според одлуката на властите во Берн, ќе мора да остане десет дена во изолација, а таа мерка ги погоди повеќе илјади туристи.

Според податоците на швајцарските власти, од 14 декември до откажување на летовите во неделата навечер, во земјата слетале 92 авиона од Велика Британија.

Само на аеродромот во Женева изминатиот викенд пристигнале 3.500 патници од Велика Британија, а властите проценуваат дека вкупниот број на лица кои се погодени од новата мерка изнесува околу 10.000.

Швајцарската Агенција за здравство побара од авиокомпаниите да им достават листи со имиња на патниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот