За два дена пронајдени две тела на хрватски војници, не се разјаснети околностите за смртта

Фото: Википедија

Денес е пронајдено тело на мртов хрватски војник, само два дена откако беше пронајдено и тело на друг припадник на хрватската војска Засега, околностите за смртта на двајцата војници не е позната.

Првиот починат војник кој бил на доброволна воена служба е пронајден во вторникот во округот на Загреб, објави хрватското Министерство за одбрана.

По овој трагичен настан, денес беше пронајдено тело на друг војник, во областа на округот Бјеловар-Билогора.

Тој е член на вооружените сили на Република Хрватска.

Истрагата е во тек, а полицијата, Воената полиција и Државното обвинителство ги утврдуваат околностите на овие смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот