За десет дена МОН ќе соопшти дали ќе има поместување на почетокот на учебната година

Министерството за образование и наука за десет дена ќе излезе со став дали ќе има поместување на почетокот на учебната година од стандардниот термин 1 септември.

Како што најави министерот Јетон Шаќири, пред Комисијата за човечки ресурси следната недела ќе бидат претставени три предлози за почеток и завршување на учебната година.

Првиот предлог до МОН е учебната година да почне како и досега – на 1 септември, вториот е да почне на 11 септември, без пролетен распуст, и да трае до средината на јуни, третиот предлог е да почне на 1 септември, да има пролетен распуст од пет дена и учебната година да заврши во средината на јуни.

-Ќе бидат вклучени униите на средношколците, но исто така и синдикатите за мислењата да ги слушнат членовите на Комисијата. Мислам дека во рок од десет дена ќе имаме конечен став кој од предлозите ќе биде прифатен, изјави Шаќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот