За Десантис, војната во Украина не е од витален интерес за САД

Рон Де Сантис
Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис/ Фото EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Гувернерот на Флорида и потенцијален кандидат на претседателските избори во САД следната година, Рон Десантис, изјави за „Фокс њуз“ дека одбраната на Украина од руската инвазија не е од витален интерес на САД. Десантис всушност ги повтори забелешките на претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти, кој ја критикуваше администрацијата на Бајден дека напишал „бланко чек“ за Украина.

„Додека САД имаат многу витални национални интереси – обезбедување на нашите граници, решавање на кризата на подготвеноста во нашата војска, постигнување енергетска безбедност и независност и контрола на економската, културната и воената моќ на кинеската Комунистичка партија – дополнително заплеткување во територијалниот спор меѓу Украина и Русија не е еден од нив, изјави гувернерот на Флорида.

Додека Десантис призна дека „целта треба да биде мирот“, тој предупреди дека испраќањето војници или напредно оружје како борбени авиони Ф-16 и ракети со долг дострел „ризикува експлицитно да ги вовлече САД во конфликт и да нѐ донесе поблиску до жешка војна меѓу двете најголеми нуклеарни сили во светот.”

Изјавите на Десантис доаѓаат додека Русија се подготвува да започне пролетна офанзива. Републиканските членови на Конгресот се поделени околу прашањето за континуираната поддршка на САД за Украина, при што некои од нив особено негодуваат за цената на поддршката, пишува „Политико“.

Забелешките на Десантис за ова прашање се слични на оние на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој рече дека одбраната на земјата од Русија не е витален интерес на САД, но е од витално значење за Европа. Во својот говор, Десантис ја истакна важноста да се даде приоритет на американската одбрана, особено на јужната граница.

„Не можеме да дадеме приоритет на интервенцијата во странската војна што ескалира, наместо да ја браниме сопствената татковина, особено затоа што десетици илјади Американци умираат секоја година од наркотици шверцувани преку нашата отворена граница и арсеналите на оружје критични за нашата безбедност брзо се исцрпуваат“, заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот