За Бајден пресудата против Младиќ е историска: Оние кои ќе извршат ужасни злосторства ќе одговараат, да ги спречиме идните злостори било каде во светот

Џозеф Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден ја поздрави денешната одлука на Жалбениот совет на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија со потврдувањето на првостепената пресуда против Ратко Младиќ, со која беше осуден на доживотен затвор, оценувајќи ја како „историска пресуда која покажува дека оние кои извршиле ужасно злосторствата ќе одговараат”, со надеж дека ќе ја почитуваат и лидерите во регионот.

– Таа историска пресуда покажува дека оние кои ќе извршат ужасни злосторства ќе одговараат. Со тоа, исто така, се потврдува нашата заедничка определба да ги спречиме идните злосторства каде било во светот, истакна Бајден, пренесува Гласот на Америка.

Тој потсети дека пред речиси 26 години, „Младиќ нареди убиство на околу 8.000 невооружени мажи и момчиња”, командувал „со бруталната долгогодишна опсада на Сараево и тој е одговорен за многу други злосторства”.

– САД помогнаа во предводењето на меѓународните напори за прекин на злосторствата во Босна и Херцеговина, да се изведат пред лицето на правдата оние кои извршија злосторства таму и во други делови на поранешна Југославија и да се воспостави траен мир во земјата и поширокиот регион, рече Бајден .

Тој исто така ја изрази благодарноста на Америка за неуморната работа на Хашкиот трибунал во изминатите две децении во случаи поврзани со конфликтот на Балканот и сите оние чија посветеност ја овозможи денешната пресуда.

– Правдата и помирувањето се основа на идниот мир и стабилност, а денешната одлука е исто така важна потврда дека тоа е можно. Искрено се надевам дека лидерите во регионот ќе ја почитуваат оваа пресуда и ќе ја потврдат нејзината важност за владеењето на правото. Моите мисли се со семејствата на голем број жртви на злосторствата на Младиќ, истакна Бајден.

ВИДЕО | Андоновиќ: По 533 дена судење и десет години зад решетки, конечна пресуда на Младиќ

Додик лут заради Младиќ: Каква е таа правда и право кога пресудата од слобода ја слушаа Ориќ, Готовина, Ганиќ…

 

Ратко Младиќ е осуден на доживотен затвор

ВИДЕО | Андоновиќ: По 533 дена судење и десет години зад решетки, конечна пресуда на Младиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот