Додик лут заради Младиќ: Каква е таа правда и право кога пресудата од слобода ја слушаа Ориќ, Готовина, Ганиќ…

Претседателот и српски член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, по повод пресудата за доживотен затвор за Ратко Младиќ изјави дека оваа пресуда и механизам немаат многу врска со правата и правдата.

Како што пренесува Српскинфо, Додик порачал дека Хаг не ги остварил основните цели на своето создавање, а тоа е зголемувањето на довербата на народите.

– Каква правда е тоа ако оваа пресуда во своите домови денеска ја слушаат на слобода Насер Ориќ, Анте Готовина, Ејуп Ганиќ, Атиф Дудаковиќ и многу други кои извршија злосторства врз Србите, рече Додик.

Додик рече дека на овој начин се обидува да се постигнат многу работи, а првата од нив е зачувувањето на кариерите на оние кои го сатанизираа српскиот народ, застапувајќи наводи дека Србите силувале 60.000 муслиманки.

-Ние Србите мораме да научиме дека не можеме да ги менуваме тие стереотипи, додека се живи оние кои ги креираа или не бидат надвор од политичката моќ за тоа да одлучуваат. Овде има обиди да се направи мит за Сребреница, кој не се случил. Оваа фасцинација со неправда од меѓународниот фактор нема да може да заживее во нашиот народ. На овој начин Младиќ е директно испратен во легендите. Српскиот народ знае дека без неговото командување, би биле уште поголеми страдањата на нашиот народ. Србите се најголеми страдалници во поранешна Југославија, рече Додик.

Додик рече дека единствено добро во сето тоа е што со пресудата на Младиќ престанува да постои Хашкиот трибунал, зошто, колку што знае, таму веќе нема ниту еден жив процес.

Тој нагласи дека процесите одат на пониски нивоа, но дека Бошњаците го оспоруваат усвојувањето на страгегијата за процесуирање на разни злосторства во БиХ.

-Сакам да им изразам сочуство за сите жртви во минатата војна. Жал ми е што еден така драматичен и трагичен настан се случи во регионот. На овој начин, низ пресудите на Хашкиот трибунал, се обидува да се напише нова историја во која само Србите се негативци. Затоа имаме се поцврсто оспорување на Република Српска со надеж Српска да се поврзат со било какви пресуди. Јас тоа го отфрлам. Српска е формирана со волја на народот, затоа што српскиот народ бил загрозен и затоа што имаше сеќавања на страдањата во минатото, рече Додик на конференцијата за новинари.

Затоа е уште поважно, додаде Додик, да ја продолжиме нашата политичка борба за јакнење на автономијата на Српска, да ја отфрлиме неправдата од меѓународниот фактор.

-И да продолжиме да се бориме на начин кој ни стои на располагање, нашата слобода да биде трајна и неприкосновена, еднакво како и Република Српска, порача Додик.

ВИДЕО | Андоновиќ: По 533 дена судење и десет години зад решетки, конечна пресуда на Младиќ

ВИДЕО | Андоновиќ: По 533 дена судење и десет години зад решетки, конечна пресуда на Младиќ

Ратко Младиќ е осуден на доживотен затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот