Временските услови ќе ја одредат иднината на пазарот на струја, велат од ИЕА

Струја / Фото: ЕПА

Понудата и побарувачката на електрична енергија во иднина се повеќе ќе зависат од временските услови, што значи дека електроенергетските системи мора да бидат пофлексибилни, а мрежите поотпорни, предупреди Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Сушата и топлотните бранови во Европа, Индија и Кина ја поттикнаа зголемената употреба на климатизери минатото лето, а почетокот на зимата во САД беше одбележан со значителни нарушувања во снабдувањето со електрична енергија, објави ИЕА во Извештајот за пазарот на електрична енергија во 2023 година.
Временските услови имаат зголемено влијание врз побарувачката на електрична енергија и поради забрзаната електрификација на греењето, нагласуваат од ИЕА.

Тие додаваат дека затоа е важно да се подобри флексибилноста на електроенергетските системи и во исто време да се обезбеди снабдување и еластичност на мрежите.

Учеството на обновливите извори во глобалното производство на електрична енергија ќе се зголеми од 29 отсто во 2022 година на 35 отсто во 2025 година, додека учеството на производството на електрична енергија од јаглен и гас ќе се намали.

Производството на хидроенергија беше намалено поради суши, а производството на нуклеарна енергија беше намалено поради одржување или исклучување на електрани. Минатогодишното зголемување е привремено и до 2025 година емисиите на штетни гасови во европското производство на електрична енергија треба да се намалуваат за 10 отсто годишно во просек, нагласуваат од ИЕА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот