Временска прогноза: Променливо облачно време со сончеви периоди

облачно време, временска прогноза
Облачно време / Фото: Слободен печат, Архива

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Потоа во следните денови продолжува периодот на променливо облачно време со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а особено утре во западните предели ќе има услови за слаб локален дожд. Во петок и во сабота, и тоа особено Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер.

Наутро и понатаму ќе биде релативно студено и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот