ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно време со сончеви периоди

дожд скопе
Дождливо време / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во југозападните делови ќе има повремени врнежи, кои во утринските часови ќе бидат претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето со минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нула. За време на викендот и во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремнени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот